Најави се

За Скопје Лаб

Центар за иновации на Град Скопје

 

Преку ко-дизајнирање и ко-креирање со и за граѓаните ќе помогнеме да се развијат услуги, проекти и политики што подобро ќе им служат на сите.

 

Работиме како посредник меѓу граѓаните, академските институции, компаниите, секторите и одделенијата на градот, општините и граѓанските организации со цел креирање на заедничка вредност, брзо прототипирање и/или проверка и селекција на иновативни решенија.

СкопјеЛаб е основан од страна на УНДП и Град Скопје и како прв центар за иновации во јавен сектор основан во склоп на јавна институција на Балканот Скопје Лаб нуди еден поинаков, иновативен и експериментален пристап во справувањето со предизвиците и како таков би требало да служи како пример кој требало да го следат и другите градови во земјата и пошироко за полесно да се одговори на барањата на граѓаните.

Со центарот раководи СмартАп Лабораторија за социјални иновации која е специјализирана во областа на развој на иновации во јавен сектор.

Линк од веб страната:
https://www.innovationlab.mk/