Институт за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ Скопје

Никола Малешевски 41/5-9
  • Датум на основање:
    03.08.2019
  • Матичен број:
    7292384
  • Даночен број:
    4082018522188

Институтот за развој на електронски комуникации, со скратен назив ИНРЕКОМ од Скопје, е независно, невладино, непартиско, непротифитно и секуларно здружение на граѓани, кое има за цел развој на информатичкото општество и дигиталната демократија во Македонија, како и давање на совети, услиги и помош околу дигиталната трансформација на државата преку т.н. „Дигитална агенда“. Ова е особено важно во текот на процесот на преговори за зачленување во Европската Унија (Поглавје 10, кластер 3).
Институтот одблизу гo следи работењето на регулаторните тела, тековите на пазарите на медиумски услуги и електронски комуникации како и надлежните министерства. Освен медиумите и операторите на електронски комуникации, ИНРЕКОМ е посветен и на полињата за: сајбер безбедноста, следењето на електронските комуникации и приватноста во дигиталниот свет, хидбридните закани со акцент на лажните вести, говорот на омраза и сајбер булингот, дигиталната агенда и е-Влада, дигиталната трансформација на јавната администрација и дигиталната демократија, медиумската, информациската и дигиталната писменост, електронските услуги во јавниот и приватниот сектор, електронската трговија и е-маркетингот.

Активноста е верификувана