ЈЕЗУИТСКА СЛУЖБА ЗА БЕГАЛЦИ – ПОДРУЖНИЦА во РМ, Скопје

ул. Петар Попарсов бр.43
  • Датум на основање:
    25.03.2011
  • Матичен број:
    6700632
  • Даночен број:
    4080011521507

Језуитска Служба за Бегалци (ЈРС) е меѓународна Католичка невладина организација чија мисија е да ги придружува, да им служи и да ги брани правата на бегалците и присилно раселените лица.

Здружението е основано со цел за давање помош на бегалци, баратели на меѓународна заштита, мигранти и други раселени лица, заштита на нивните права и интереси, како и за унапредување на почитувањето на човековото достоинство и спречување на дискриминација врз верска, расна и етничка припадност.

Во своето долгогодишно искуство ЈРС во РС Македонија има спроведено голем број на проекти во кои целна група беа токму бегалците, барателите на меѓународна заштита и мигрантите, со посебен акцент на ранливите категории на овие целни групи. ЈРС даде посебен придонес за време на големата бегалска криза, т.н. Балканска рута која започна во 2015-та година. Покрај останатите проекти, во периодот 2015-2019 година, во договор со Министерството за труд и социјална политика и Центарот за социјални работи, ЈРС целосно ја водеше и координираше Безбедната Куќа во Скопје наменета за ранливи категории на бегалци, баратели на меѓународна заштита и мигранти каде на корисниците им обезбеди сместување, храна, медицинска грижа и други основни потреби, како и рекреативни и едукативни активности.

Во моментот ЈРС реализира проекти каде покрај останатата хуманитарна помош, на бегалците, барателите на меѓународна заштита и мигрантите им пружа и бесплатна правна помош.

Локација

Активноста е верификувана