Најави се

Здружение за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје

Скопје

Здружението ЦЕТ платформа е доброволно, непрофитно и невладино здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници, промоција и заштита на човековите права, како и заради вршење на дејности и активности за поттикнување на моралните и граѓанските вредности, зајакнување на меѓуетничките односи, афирмација на младите во општеството, промоција и заштита на медиумските слободи, права и стандарди и економски развој на територијата на Република Македонија и пошироко.

ЦЕТ платформа е формирана во јануари 2016-та година од млади, мотивирани, компетентни и искусни младински работници, младински лидери, активисти и експерти од различни области кои се активни во граѓанскиот сектор и вклучени во младинска работа од 2008-ма година. ЦЕТ платформа Скопје е македонскиот огранок на CET platform мрежата која има преставништва во Србија, Хрватска, Црна гора, Словенија, Косово, Бугарија, Грција, Полска, Италија, Литванија и Босна и Херцеговина. Преку својата работа, ЦЕТ платформа се обидува да го стимулира личниот, професионален и општествен развој на младите, како и да поттикне нивно активно и одговорно учество во општествените, културни, политички, образовни и економски процеси.

Главните активности на ЦЕТ платформа досега се концентрирани кон меѓународната соработка, склучување на нови партнерства и реализација на проекти во соработка со партнерски организации од странство, најмногу преку програмата Еразмус+ на Европската Унија. ЦЕТ платформа досега има реализирано повеќе од 100 Еразмус+ проекти (младински размени, тренинг курсеви, семинари и конференции) на меѓународно ниво во соработка со организации од различни земји на кои се испратени повеќе од 350 млади луѓе, младински работници и преставници на граѓански организации од Македонија.

Основни цели и задачи:

  • развој на граѓанското општество, демократијата и демократските институции
  • унапредување и заштита на човековите права, граѓанските вредности и правата на ранливите категории на ѓраѓани во општеството
  • зајакнување на меѓуетничките и меѓурелигиските односи и придонесување кон еднаквост и солидарност во општеството
  • промоција на неформалното образование меѓу граѓаните, особено меѓу младите
  • афирмација на младите во општеството и потикнување на нивно учество во процесите на донесување одлуки
  • поттикнување и промоција на развој и знаење во областа на домашните, регионалните, Европските и меѓународните односи и соработка
  • градење на капацитети на граѓанското општество на домашно и меѓунардоно ниво
  • унапредување на добротворството, волонтерството и активно учество на граѓаните во општествениот, политичкиот и економскиот живот
  • воспоставување соработка со домашни и странски здруженија на граѓани, фондации, единици на локалната самоуправа, државни институции и други организации чии цели се компатибилни со целите на ЦЕТ платформа
  • други дејности од општествениот живот кои се од јавен интерес.

Целни групи:

  • Млади луѓе на возраст од 15 до 30 години
  • Младински работници и преставници на граѓански организации
  • Маргинализирани групи на граѓани
Активноста е верификувана