Здружение за поддршка на социјално ранливи лица “3D FENIX AID”, Скопје

ул. Злате Михајловски бр.1
  • Датум на основање:
    27.12.2019
  • Матичен број:
    7409788
  • Даночен број:
    4044020516960

Основна цел на Здружението “3Д ФЕНИКС ЕИД“ е унапредување на животот и правата на лицата од социјално загрозени категории овозможувајќи им ги потребните стоматолошки и други здравствени услуги преку мобилизација и превземени активности и соработки со други физички и правни лица за подобрување на услугите кон лицата од социјално ранливите категории; подигнување на свеста во јавноста за навремено и континуирано вклучување на овие маргинализирани лица во општествено-социјалниот систем во земјата; градење на партнерства со јавни и приватни организации и физички лица за интегрирање на лицата од социјални категории во општествено-социјалниот систем; промовирање на позитивни примери и пракси и поттикнување на иницијативи кај приватните и јавни претпријатија за иновативни решенија за вклучување на овие лица во секојдневниот живот; создавање на услови за обука, доусовршување и посредување при вработување на овие лица во приватни компании; развивање на модели за унапредување на волонтерството и вклучување на лица од образовниот систем за помош на социјално загрозените лица; создавање на услови за соработка и основање на социјални претпријатија наменети за потребите на овие лица; подигнување на свеста кај приватни фирми за нивната улога во интегрирање на овие лица во општествено-социјалниот живот;вмрежување и соработка со други институции од земјата и странство со цел унапредување на положбата на социјално ранливите категории во Р. С.Македонија почитувајќи ги принципите и активностите за заштита на човековите права, културна различност, меѓуетничка толеранција и создавање на услови за мирен и хармоничен развој на заедницата и регионот.

Активноста е верификувана