• Датум на основање:
    25.01.2005
  • Матичен број:
    5954096
  • Даночен број:
    4030005548897

РЕАКТОР – Истражување во акција е независна истражувачка организација [think-tank] со седиште во Скопје, Северна Македонија. Нашите главни области на работа се родова еднаквост, млади и урбан развој.

Нашата работа е водена од визијата за родово, социјално, еколошки праведни општества, национално и глобално, каде луѓето можат да живеат слободен, достоинствен живот и активно да учествуваат во градење на праведно и одржливо општество.

Главниот фокус и основа на нашата работа се истражувањата. Земајќи го предвид недостаток на расположливи податоци во процесите на креирање политики на локално, национално и регионално ниво, една од нашите главни стратешки цели отсекогаш била обезбедување на релевантни, навремени и темелно истражени податоци со цел информирање на политичкиот процес во нашите целни области. Делуваме преку обезбедување навремени и релевантни истражувања, предлози за алтернативни политики основани на тие истражувања, застапување и активно работење со заедницата, граѓанските организации, академските институции и политичките актери. Придонесуваме кон процесите на креирање на политики на локално, национално и регионално ниво, преку истражувања, застапување, поттикнување на дебати и дискусии за прашања што се релевантни за македонските граѓанки и граѓани.

Активноста е верификувана