Како дел од активностите за соработка со Северна Македонија, Амбасадата на Франција во Скопје развива партнерства со граѓанското општество и обезбедува финансиска поддршка на локални здруженија (НВО).
Подобни за аплицирање се само здруженијата регулирани со локалното право и регистрирани повеќе од две години. Се доделуваат средства за проект кој трае најмногу 12 месеци врз основа на конкретни проекти, по разгледување од комисија за избор.
Доставените проекти треба да се однесуваат на една од следните три категории:
а. Родовата еднаквост и борбата против родовата дискриминација
б. Правда и добро владеење
в. Здравје и пристап до нега
Комисијата за селекција на Амбасадата на Франција ќе посвети особено внимание на конкретни проекти кои задоволуваат специфични цели и потреби, земајќи ги предвид на на трансверзален начин родова еднаквост во предложените активности и меѓу корисниците на проектите во трите категории на финансирање. Потребно е да се планираат комуникациски активности за промовирање на ова партнерство помеѓу здружението и Амбасадата на Франција.
Повикот е преземен од „Преглед на можности за финансирање – Април 2024“ од Граѓански ресурсен центар.