Втор повик за доделување на грантови „АгроСмарт – Развој на модерно и одржливо земјоделство”

Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во име на проектот финансиран од Европската унија „АгроСмарт – Развој на модерно и одржливо земјоделство“ објави втор Повик за финансиска поддршка за: А) Промовирање на иновативни инвестициски проекти во земјоделството, шумарството и земјоделско-прехранбената индустрија, Б) Подобрување на конкурентноста преку унапредување на соработката меѓу земјоделците во Североисточниот, Полошкиот, Југозападниот плански регион и Преспанскиот регион.

Крајниот рок за достава на пријавите за грант е 22 април 2024, 16:00 часот по локално време.

Вкупниот индикативен износ на инвестициските акции поддржани во рамките на овој повик за поднесување финансиска поддршка е 11.747.423 денари. Секоја инвестициска акција во рамките на овој повик за финансиска поддршка мора да се движи помеѓу следниот минимален и максимален износ:

минимален износ: 1.230.000 денари
максимален износ: 2.460.000 денари
За овој повик ќе се одржат информативни сесии. Точното време и локација ќе биде објавено дополнително. Сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат на информативните сесии треба да изразат интерес преку е-пошта на: ags@mrfp.mk

Информативната сесија за Повикот:
Датум: 03.04.2024 г. (среда) во 11ч.

Приклучете се на следниот линк:
https://us06web.zoom.us/j/84459239133?pwd=cI3Bbihm4mBVtJPOTPYyaLFp9ZLioZ.1
Meeting ID: 844 5923 9133
Passcode: 390626

Проектот „АгроСмарт – Развој на модерно и одржливо земјоделство“ е финансиран од Европската унија, а е спроведуван од МРФП во партнерство со Хемера и ЦЕП Можности.

Повикот е преземен од „Преглед на можности за финансирање – Април 2024“ од Граѓански ресурсен центар.

Објавено од СмартАП

СмартАП е невладина организација која преку адресирање општествените предизвици во областите на иновациите во јавниот сектор, климатските промени и образованието нуди иновативни и ефективни решенија за креирање поубав и подобар свет.