Македонскиот огранок од Центарот SDEWES привлекува научни и стручни кадри од висок ранг и широк опсег на дисциплини во областа на одржливиот развој на енергетските, водните и околинските системи. Целта е да се обезбеди научна поддршка при донесување одлуки и стратешкото планирање во следните области:
Климатски промени (инвентаризација и проекциja за емисиите на стакленичките гасови и цели за нивно намалување)
Енергија (планирање, политики, цели)
Одржлив развој (планирање, интра- и интер- секторско делување, метрика и индикатори, потенцијали, модели, трошоци и добивки)
Стратегии за развој со ниски емисии
Зелена економија и добро владеењe
Наведените проблеми ќе бидат разработени преку планиран и балансиран опсег активности кои предвидуваат:
Моделирање и интегративно проценување со цел да се обезбеди солидна основа за информирано донесување одлуки.
Обука и градење на капацитети преку организација на работилници и конференции со цел да се профилираат стручни аналитичари и научно-потковани политичари.
Поддршка за ангажирање на чинителите и социјален маркетинг, со цел да се овозможи и зајакне партиципативниот пристап во процесот на донесување одлуки и и да се мотивираат промените во однесувањето.
Споменатите активности на SDEWES-Скопје би можеле да бидат проширени и на регионално ниво со вклучување на соседни земји-членки како и земји со кандидатски статус за интеграција со Европската унија. Ова би било во склад со заложбите за координација и интеграција на заедничките предизвици и за посилни ефекти од заедничките напори во нивно решавање.